Северна Македонија со најдобра оценка за управувањето со јавните финансии во регионот

СПОДЕЛЕТЕ

Северна Македонија е надобра во управувањето со јавните финансии во споредба со останатите земји од Западниот Балкан, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020, објавен од Институтот за европска политика – ЕПИ.

Како важни чекори преземени за подобрување на состојбата со управувањето на јавните финансии, во извештајот, се истакнуваат креирањето на значајни апликации и веб страници за слeдење на јавните финансии, како и објавувањето на граѓанскиот буџет.

Најголем напредок во однос на претходниот извештај од 2017/2018 година, има во делот на отчетност и транспарентност на Владата. Наодите од извештајот покажуваат дека се забележува подобрување во делот на проактивното информирање на јавноста од страна на институциите.

Се истакнува и фактот што сите институции ги објавуваат документите, законите и прописите од својот сектор и тие информации се лесно достапни за граѓаните. Во анкетата спроведена за потребите на истражувањето, мнозинството од граѓанските организации потврдиле дека информациите од јавен карактер кои ги барале, ги добиле во предвидениот рок, бесплатно и во бараниот формат.

Извештајот нотира напредок и во областа на развој и координација на политики, посочувајќи на плановите за работа на Владата и извештаите за спроведување на плановите, кои претходно не се објавуваа. Од ЕПИ потенцираат дека овие извештаи се објавуваат редовно и на разбирлив и небирократски јазик.

Извор: Центар.мк

- Реклама -