18 новозаразени и 1 починат од ковид во последните 24 часа, втора вакцина досега примиле 168.284 граѓани

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.

Новозаразените се од:

• Скопје – 8
• Куманово – 5
• Кочани – 2
• Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.

Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (61г), починато во болнички услови.

Регистрирани се 31 оздравен пациент од:

• Скопје – 11
• Виница – 3
• Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2
• Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Во однос на вакцинацијата, според Министерството за здравство, досега се аплицирани вкупно 420.821 дози вакцини. Ревакцинирани се 168.284 граѓани.

Вчера вкупно се вакцинирале 9.631 граѓани, а прва доза примиле 1.391 граѓани. Со последните бројки, 48% од населението над 70 години, односно 42% од населението над 65 години, односно 35% од населението над 60 години, имаат примено барем една доза вакцина.

Досега на vakcinacija.mk се пријавиле 446.195 граѓани.

- Реклама -