Антикорупциска откри нови злоупотреби на Рашковски, вредни 292.000 евра

СПОДЕЛЕТЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК, ака. Антикорупциска) пронашла нови злоупотреби при набавките во Генералниот секретаријат на Владата додека со него раководеше Драги Рашковски, и го проширува предметот за набавката на софтверот за контрола на сообраќајот кој никој не го користи.

Овие набавки исто така се поврзани со самиот предмет – се работи за набавки на камери, сталаци, подвижни кабини – а се во вкупна вредност од околу 18 милиони денари, односно 292.000 евра, откри Катица Николовска – член на Антикорупциска, пренесува „Дојче веле“. Во нив не се вклучени првичните ~80.000 евра.

Доказите, велат од Антикорупциска, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

Во меѓувреме, и Рашковски, и сопственикот на „Инвока груп“, од која Рашковски го купил софтверот, се во притвор. Според директорот на затворот „Скопје“ во Шутка – Филип Андов, Рашковски е во добра здравствена и психолошка состојба, нема здравствени проблеми и не се пожалил на условите. Повеќе на „А1он“.

- Реклама -