Обвинение за медицинска сестра од ТОАРИЛУЦ: Му земала 300 евра мито на син на пациентка па ги поделила со докторите, кои ја пријавиле

СПОДЕЛЕТЕ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против медицинска сестра од Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28 септември 2020 година, од синот на пациентка која требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката.

Откако ѝ биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција, објаснуваат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерки на претпазливост за обвинетата – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ