Вашингтон одбива Фрчкоски да биде амбасадор во САД

„Во следните денови се очекува владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон“, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски, на Фејсбук.

Истовремено, и порталот „МКД.мк“, повикувајќи се на високи дипломатски извори, објави дека Фрчкоски не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција, поради извесни резерви на земјата домаќин.

И додека изворите на „МКД.мк“ не откриваат која е причината за таквите резерви, Милошоски тврди дека повлекувањето на предлогот ќе следува откако до премиерот Зоран Заев од САД стигнале реакции со прашање дали е сигурен дека Фрчкоски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размена на строго доверливи информации на највисоко државно ниво.

Според Милошоски, Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата.

- Реклама -