Урбанистичко-швалерски рај во скопско Тафталиџе

Урбанистичките стандарди во Скопје продолжуваат да доживуваат ренесанса, а за да е ќарот двојно поголем, граѓаните стануваат сѐ поблиски.

Како што посочуваат жители на улица „Багдадска“ во скопско Тафталиџе, во иднина соседите таму, наместо да си ѕвонат на врата, ќе можат да си подаваат сол, кафе или алат преку балкон. Покрај тоа, ќе можат и да му ги полеваат цвеќињата на соседот додека е на одмор, да му ги соберат алиштата кога врне, заедно да гледаат утакмици и слично. Ризикот дека повремено дома може да ви влета голиот швалер на вашата комшика чиј сопруг порано се вратил од работа, е премала цена во однос на поволностите, согласни се скопјани.

виа Сител

- Реклама -