Јулија да ви каже како (не) се води емисија во живо (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Кога си имаш работа со мајстори по дома, секогаш треба да си на штрек, а исклучок, очигледно, не е ни кога си Јулија и водиш утринска емисија во живо. На сред емисија на водителката ѝ заѕвони телефонот, а таа, прекинувајќи ја гостинката на сред реченица, одговори на повикот.

„Драги мои гледачи, ова е хитен повик, морав да одговорам“, демек појасни Јулија во текот на повикот кон гледачите, додека за тоа време збунетата гостинка упатуваше прашални погледи кон водителката, ама и кон камерите и кон некој зад нив во студиото.

„Се слушаме за кратко“, одговори Јулија на „хитниот“ повик, не пропуштајќи да ги пофали своите мајстори од Крива Паланка дека биле најдобри на светот…

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ