По 2.000 евра казна за осум млади лица затекнати на приватна прослава во стан во Скопје

СПОДЕЛЕТЕ

Скопското јавно обвинителство му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да изрече парични казни од по 2.000 евра за осум лица, на возраст од 18 до 22 години, кои на 8 јануари биле затекнати на приватна прослава на улицата „Васил Ѓоргов“, во домот на една од обвинетите, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

На истата прослава биле затекнати и седум малолетни лица, за кои ќе се спроведе постапка согласно Законот за правда на децата.

Со ова, обвинетите постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на опасна заразна болест, а кои се однесуваат на забрана за одржување на прослави на отворен и затворен простор во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година, посочуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ