Стипе Месиќ за македонската нација и идентитет: Тито никого не создал, Тито само ги констатирал фактите

Поранешниот претседател на Хрватска – Стјепан (познат како Стипе) Месиќ, не гледа ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонската нација и идентитет. Нивното постоење е историски факт и секој што го проблематизира тоа всушност им штети на односите во цела Европа, оценува тој во интервју за „МКД.мк“.

Според него, враќањето назад во историјата, дури до средниот век, со инсистирање на заедничка историја, не води никаде.

„Сите ние во регионот имаме многу заедничка историја, но тоа не значи дека сега треба да се покренуваат некои прашања што веќе не постојат“, вели Месиќ.

Според него, токму затоа што овие прашања се однесуваат на идентитетот на македонската нација, македонскиот народ и македонската држава, никој нема право да се меша и да бара „некакви историски факти“ што можат да ги нарушат сегашните односи меѓу државите. Тие мора да се стабилни, а нивното нарушување е недозволиво за денешно време.

Поранешниот хрватски претседател не се согласува ниту со тезите на Бугарија дека Тито нѐ создал:

„Тито никого не го создал, туку само ги констатирал фактите. Ако е така, тогаш тоа би значело дека Тито ги создал и Србите и Хрватите и Словенците… Ние бевме во една државна заедница, во Кралство Југославија, во кое не беа решени националните прашања. Националните прашања кај нас се решени во Народноослободителната борба, која ја водеше маршалот Тито. Но секој народ го извојува своето право и да има свој јазик и да има своја територија и идентитет“, вели Месиќ. Остатокот од интервјуто (за ветото, европските вредноси, за „бугарскиот фашистички окупатор“, јазикот и Коминтерната) прочитајте го ТУКА.

- Реклама -