МВР: Од почетокот на неделава казнети близу 3.000 граѓани за неносење маска

СПОДЕЛЕТЕ

2996 лица се казнети од почетокот на оваа недела од страна на полицијата поради неносење лична заштита на лице, односно заштитна маска, согласно мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид -19.

Во последното деноноќие, како што информира МВР, регистрирани се 890 прекршоци. Претходно полицијата казни 870, 593 и 643 граѓани (во деноноќието 27/28 септември) што не носеле маска.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ