Ѓорѓија Сајкоски е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

На денешното заседавање на Централниот Комитет, по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, за Генерален секретар на партијата беше избран Ѓорѓија Сајкоски.

Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Тој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.

Во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции, и тоа: претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.

Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции и тоа: бил член на избирачки одбор номиниран од ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни циклуси од 1998 до 2006 година, бил претседател на Месен Комитет Девеана, во склоп на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2008 година. Исто така Сајкоски бил претседател на комисија за култура под ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2010 година. Претседавал со Советот на Општина Кичево и бил исто така координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2013 година. Членувал во Комисија за локална самоуправа од 2010 до 2014 година. Сајкоски исто така бил и потсекретар период од 2011 до 2015 година. А, е претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево 2010 до 2020 година, додаваат од партијата.

Како што се вели во соопштението, членовите на Централниот комитет му ја дале поддршката бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата и ќе ги застапува конкретните политики на партијата кои ќе допринесат да се насочи Република Македонија на вистинскиот пат.

- Реклама -