Непознати лица ожнеале до 240 тони пченица на ЗК „Пелагонија“ во вредност од 50.000 евра

Над 200 до 240 тони пченица се украдени од парцели во сопственост на Земјоделскиот комбинат Пелагонија, во периодот помеѓу 27 јули и 13 август годинава. Случајот на 13-ти месецов бил пријавен во СВР Битола од каде велат дека кражбите се случиле во атарот на работната единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач.

Лицата кои ја извршиле кражбата засега се непознати, а според пријавеното, со кражбата била причинета материјална штета од околу 50.000 евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- Реклама -