Физиотерапевтите од клиниката „Жан Митрев“ отсега достапни и за виртуелни консултации

СПОДЕЛЕТЕ

Физиотерапевтите од клиниката „Жан Митрев“ отсега се достапни и за виртуелни консултации.

„Во време на пандемија со коронавирус, а со цел да се заштитите себеси и другите околу Вас, закажете виртуелна консултација со нашиот тим физиотерапевти кои имаат долгогодишно клиничко искуство од постоперативната рехабилитација и можат да ви помогнат со насоки за соодветна домаша рехабилитација.

Тие Ви се достапни за консултација:

• Доколку сакате да воведете нови вежби со кои ќе ја подобрите вашата физичка кондиција после операција на срцето
• Имате потешкотии во изведувањето на респираторните вежби кои ви се препорачани за периодот на домашна кардио рехабилитација
• Тука сме и ако имате потреба од повеќе информации – нејаснотии околу начинот на правилно користење на ортопедски помагала
• Доколку имате потреба од советување за правилно изведување, спроведување или интензитет на вежбање во домашни услови
• Консултирајте нѐ доколу имате вграден вештачки колк или колено и потребни ви се совети за правилно зголемување на мобилноста и враќање кон нормалните дневни активности
• Ако спроведувате физиотерапија, а немате подобрување на состојбата или имате појава на несакани ефекти
• Доколку сте позитивен на COVID-19 и имате потреба од совети за подобрување на вашата физичка кондиција.

Консултацијата со физиотерапевт можете да ја закажете преку следниов линк: https://zmc.tiktak.mk “, порачуваат од Zan Mitrev Clinic.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ