Амбасадата на САД му го честита доделениот мандат на Зоран Заев

СПОДЕЛЕТЕ

„Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада во Северна Македонија. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со новата влада штом ќе биде формирана“, напиша на Твитер американската амбасадорка во земјава – Кејт Мери Брнс.

„Како нова НАТО членка“, додава таа, „ние ја поддржуваме посветеноста на земјата кон демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина“.

Претходно денеска, амбасадорката се огласи и по повод 19-годишнината од потпишувањето на охридскиот Рамковен договор.

Неговото потпишување, порача таа, „е важен чекор кој ѝ помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби“.

„Очекуваме да продолжиме да работиме со сите засегнати страни на зголемување на општествената кохезија и меѓуетничкото разбирање во годините што претстојат“, додаде таа.

- Реклама -