Објавена листата на сместувачки капацитети во кои можат да се искористат ваучерите за туризам

СПОДЕЛЕТЕ

На владината веб платформа domasiedoma.gov.mk, објавена е листата на сместувачки капацитети во кои ќе можат да се искористат ваучерите за туризам што ги додели Владата.

На листата се наведени околу 450 сместувачки капацитети кои го исполниле условот да се регистрирани и да се категоризирани на Платформата на Министерството за економија. На веб платформата, истите се поделени во категории врз основа на општината во која се наоѓаат, но  и на хотели, физички лица и други објекти. Односно, покрај хотели, листата содржи и имиња на пријавените што поседуваат вили, апартмани, како и станоиздавачи. Под секој наведен сместувачки капацитет има телефон за контакт, е-адреса и веб-страна (за жал, на платформата нема опција за пребарување на конкретен сместувачки капацитет).

Ваучерите за туризам ќе можат да се искористат од 15 јули до 15 декември 2020 година. Ваучери за туризам добија граѓаните вработени со полно работно време, а приходи не повисоки од 15.000 денари месечно. Истата категорија граѓани доби и платежна картичка од 3.000 денари. Целта на мерката е, преку субвенционирање на туристичките одмори на граѓаните, да се ублажи импактот на пандемијата врз домашниот туризам.

Листата со сместувачки капацитети можете да ја најдете ТУКА.

- Реклама -