Половина од новите случаи на коронавирус во Грција се Срби

СПОДЕЛЕТЕ

Најголемиот дел од заразените туристи во Грција се од Србија, објавија грчките медиуми, пренесува „B92“. Уште повеќе, тие претставуваат половина од новите случаи на Ковид-19 во земјата.

Во Грција во последните 24 часа се регистрирани 43 нови случаи на коронавирус, а не е регистриран ниту еден смртен случај. Од новозаразените, 36 се туристи од граничните премини, откриени на граничниот премин Промахонас со Бугарија. Од овие, 20 се државјани на Србија, а 16 од другите земји.

Грција ги затвори границите за влез на српските државјани и така ќе остане најрано до 15 јули, кога повторно ќе биде разгледана одлуката.

По најавата на одлуката дека Грција воведува забрана за влез од следното утро од 6 часот, голем број Срби побрзаа кон Грција за да го фатат „последниот воз“, но останаа со часови заробени на границата грчко-бугарската граница.

 

- Реклама -