ФОТО: Филипче му провери температура на Заев

СПОДЕЛЕТЕ

Болницата во Кавадарци е пример за одговорно работење, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче при неговата заедничка посета на болницата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според Филипче, набавена е нова опрема, зголемени се платите на сите здравствени работници и значително е подобрена инфаструктурата:

• Целосно е реновирано педијатриското одделение;
• Зголемен број на лекари специјалисти;
• Од темел реновиран запуштен дел од болницата и пренаменет во идно интернистичко одделение за жени;
• Најсовремена медицинска опрема;
• Спремно одделение доколку е потребно да третира пациенти заболени од ковид-19.

Како што порача министерот, освен тоа болницата има и подготвено одделение во случај да треба да третира пациенти од Ковид-19.

Заев, пак, најави дека ќе обезбедат 40% повисоки плати во здравството во следните 4 години. Тој рече и дека ќе продолжат вработувањата во јавно-здравствените установи за да се јакнат капацитетите, како и дека уште повеќе ќе вложуваат во здравствениот систем за уште подобра здравствена заштита.

„Денеска со министерот Филипче ја посетивме општата градска болница во Кавадарци, пред сѐ да изразиме огромна поддршка на нашите лекари и здравствени работници кои пожртвувано и макотрпно 4 месеци се најактивно вклучени во борбата со пандемијата на коронавирусот.

Тие се хероите на денешницата и ја заслужуваат целата наша поддршка и почит и треба да им возвратиме со целосно почитување на мерките за заштита“, напиша Заев.

И министерот Филипче и лидерот на СДСМ споделија фотоалбуми од посетата. Меѓу нив се најде и една интересна фотографија на која министерот му мери температура на лидерот на партијата.

- Реклама -