Комисијата за заразни болести ќе разговара за затворање на границите со Србија и Косово

СПОДЕЛЕТЕ

Комисијата за заразни болести размислува и утре на состанок ќе разговара за можно повторно воведување на посебен режим или евентуално затворање на граничните премини со Србија и Косово.

Од Министерството за здравство велат дека Комисијата активно ја следи епидемиолошката слика на Ковид-19 во регионот и дека ваквите мерки би биле резултат на порастот на случаи во соседството, односно би биле во насока на спречување на потенцијални ризици по здравјето на населението во државата.

Во последното деноноќие, во Србија се регистрирани 359 нови случаи, а Во Косово вчера биле регистрирани 120 новозаразени. Во последните 24 часа, во Македонија се регистрирани 173 новозаразени и највисока бројка на починати во 24 часа од почетокот на пандемијата – 15.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ