Советник од кабинетот на Чулев позитивен на Ковид-19

Советник од кабинетот на Наќе Чулев е позитивен на Ковид-19, информираше министерот за внатрешни работи. Тој потенцира дека советникот не се заразил додека извршувал работни задачи, односно не се заразил на работното место.

Како што информира Чулев, последен пат со заразениот имал контакт на 24 мај. Последен пат на работа советникот бил на 2 јуни, откако веќе му се појавиле симптоми, а се тестирал на 6 јуни, кога се потврдило дека е позитивен.

Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација. Се преземаат сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството, информираат од МВР.

„Му посакувам добро здравје и побрзо оздравување. I dëshiroj shëndet të mirë dhe shërim të shpejtë“, напиша Чулев на Фејсбук.

- Реклама -