ДУИ ги повика сите албански партии да се обединат за премиер Албанец, повторно потсетувајќи на војната

СПОДЕЛЕТЕ

Завчера ја соопшти новата цел, вчера ги повика Албанците да се обединат како што биле обединети во ОНА за време на војната, а денес ДУИ и лидерот на интегративците Али Ахмети ги повикаа и сите албански партии да се обединат зад идејата да се избере првиот премиер Албанец.

Од Демократската Унија за Интеграција порачуваат дека и покрај тоа што Охридскиот договор се спроведува, албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците предводат повеќе (клучни) позиции од било кога – како судии во Врховен и Уставен суд, министри во клучни министерства, Претседател на Собрание и многу други, сепак се соочуваат со тенденции на исклучување и одбивање на рамноправноста и со потешкотии на работните места и во секојдневниот живот, како и со селективна правда. Затоа ги повикуваат албанските партии да го „преземат следниот чекор“, за да ги тргнат и последните потешкотии на граѓаните Албанци, избирајќи прв премиер Албанец во Северна Македонија, со што ќе добијат потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето.

И во ова соопштение, ДУИ повторно се повика на обединетоста во време на ОНА:

„Постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија и секогаш обединети се боревме за заедничките цели. Како за време на војната така и за време на кризата.

Сега е време пак да се обединиме за целта која е поважна од сите партии и поважна од секоја личност. Заедно, со обединети гласови на Албанците, на секој од нас, но и на другите, ова можеме да го постигнеме.

ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за Албански Престедател на Владата. Сега е време сите заедно да ја пишуваме нашата историјата, сега е време да продолжиме до потполна рамноправност. Но, исто така, време е и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за Албански премиер?

ДУИ ги поканува сите албански партии да и се приклучат на оваа инициатива и заедно, да се договорат за следниот Премиер Албанец на Северна Македонија. Со Албански Премиер, Албанците за прв пат во историјата ќе раководат со извршната власт и ќе ја превземат таа одговорност. За прв пат, премиерот под еднакво ќе биде на сите граѓани. Премиер за рамноправност и едниство: за еднакви работни места, за еднаква плата, за еднакви права и за неселективна правда. За Албанците и за сите граѓани во државата. Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност.

Сега е наше време. Заедно, можеме да испишеме историја градејќи ја иднината. За нас Албанците, и за целата држава“, се вели во соопштението.

виа Фокус

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ