Комисијата предлага полициски час од сабота до вторник!

СПОДЕЛЕТЕ

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, одлучено е на Владата да ѝ се препорача за претстојниот продолжен викенд и празникот Рамазан Бајрам да воведе полициски час кој ќе трае вкупно 58 часа.

Според препораката, полицискиот час ќе почне од сабота во 19 часот, а ќе трае до 05 часот во вторник, со оглед дека понеделник е неработен ден, дознаваат повеќе медиуми.

Конечната одлука ќе ја има владата, а ќе биде позната најдоцна утре.

Според неофицијалните информации, отворањето на кафулињата ќе биде одложено за во вторник следната недела, односно 26 мај. Засега не се знае дали и од колку ќе има полициски час по празникот.

 

- Реклама -