Денеска 33 нови случаи на Ковид-19 во земјава

СПОДЕЛЕТЕ

Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти.

– Скопје 2
– Куманово 6
– Штип 3
– Прилеп 7
– Тетово 1
– Струга 1
– Кочани 2

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на ковид-19.

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ