ЈСП со нов возен ред поради полицискиот час

Затекнати и неинформирани граѓани за новиот возен ред на ЈСП.

Движејќи се кон булеварот Партизански одреди екипата на Канал 5 забележа помали групи граѓани, кои чекаа автобуси, не знаејќи дека во овој период од денот нема да дојдат.

Од ЈСП со појаснување дека одлуката е согласно препораките на централната власт, информираат дека од денеска секој работен ден автобуси ќе има само од 5 часот наутро до 9, а потоа дури од 13 часот па се до почетокот на полицискиот час, а целта е справување и превенцијаодширењенакоронавирусот.

Во однос на семејниот превоз, пак, многу контроверзи предизвика информацијата дека повеќе од тројца патници не смеат да се возат во еден автомобил.

Дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска денеска појасни дека таквата мерка се однесува само на возилата од компаниите и трговските друштва.

Таа посочува дека во семеен автомобил можат да се возат четворица возрасни или двајца возрасни со две деца. Во комбиањата или другите поголеми возила, бројот на патници не смее да надминува 60 проценти од бројот на седишта.

- Реклама -