Меси ја платил кауцијата за Роналдињо да излезе од притвор

СПОДЕЛЕТЕ

Бразилецот Роналдињо го напушти затворот во Парагвај, во кој заврши на почетокот на март откако беше фатен со лажен пасош како влегува во земјата.

Иако му е предвидена казна затвор од шест месеци, Роналдињо мина само 32 дена зад решетките. Преместен е во куќен притвор откако непознато лице за него платило кауција од 1,3 милиони фунти. Шпанските медиуми веќе објавија вест дека кауцијата за Роналдињо ја платил неговиот поранешен соиграч Лионел Меси кој не можел да дозволи легендарниот Бразилец да остане во затвор.

Куќниот притвор ќе му биде всушност хотелот „Палмарога“ во главниот град на Парагвај.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ