БРИТАНЦИТЕ ПОЧНАА ДА РУШАТ 5Г АНТЕНИ ЗА ДА СПРЕЧАТ ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

СПОДЕЛЕТЕ

За вас што ви се руши, продолжете, ништо што ние имаме да ви кажеме нема да ве предомисли. За вас што не ви се верува што читате, што да ви кажеме, чувајте живци и гледајте 4Г-то да ви е добро.

До сега во Британија нападнати (срушени или запалени) се вкупно седум 5Г базни станици и тоа чисто по основа на теоријата на заговор дека постои поврзаност меѓу 5Г технологијата и коронавирусот, а минатата недела техничари на британските телекоми се и физички нападнати од толпа која верува дека 5Г сигналите се одговорни за глобалната пандемија. Да повториме, во Британија, не сред Амазон од племе предводено од врач кое прв пат има контакт со цивилизација.

Стандардно како и за останатиот шлајм што се шири по интернет и за ова главни платформи се Јутјуб, Фејсбук и Твитер.

За да не биде дека дремат и не прават ништо околу ширењето на вакви будалаштини, кои на крај имаат последици во реалниот свет, Јутјуб почна со прочистување и бришење на содржините во кои се шират овие теории на заговор. Притоа од Јутјуб објаснуваат дека се бришат само видеата со комбинација 5Г + коронавирус, додека останатите содржини кои шират поинакви заговори околу 5Г мрежата, нема да бидат избришани. Тоа што може да им се случи на овие вторите е да бидат блокирани од реклами и отстранети од резултатите за пребарување на платформата.

Целиот текст на Офф.нет.мк

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ