32-годишен скопјанец пронајден мртов во стан во Карпош

Вчера, во СВР Скопје, беше пријавено дека во стан на територијата на Карпош е пронајден починат Љ.И. (32) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по упатство на јавниот обвинител, телото на починатиот било испратено на обдукција, известува МВР.