И Македонија ќе ги следи лицата во домашна изолација преку мобилна апликација

СПОДЕЛЕТЕ

Електронско следење на лицата во домашна самоизолација ќе спроведува и Македонија, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Филипче истакна дека Министерството за здравство во соработка со Министерството за информатичка технологија и администрација во моментов изработува таква апликација, по примерот на други европски земји.

„Мислам дека е навистина нешто што може да користи, посебно во некои делови во земјата“, рече Филипче, додавајќи дека веднаш по изготвувањето на апликацијата јавноста ќе биде известена.

Инаку, во изминатите 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, со што вкупниот број се искачува на 354, од вкупно направени 3.775 тестирања на коронавирус.

За жал, регистриран е уште пoчинат. Се работи за 65-годишна жена која претходно била болна од хронично опструктивна болест, дијабетес и срцева слабост, како и гојазност.

Позитивна на коронавирус се покажала и пациентката која во неделата утрото пoчина во болницата во Струга и на која постмopтем ѝ беше земен брис.

На позитивната страна, од Инфективната клиника се испишани 5 лица. Сите имаат добра клиничка слика и по веќе направените два контролни тестови на кои биле негативни на коронавирусот, ќе бидат пуштени на домашно лекување.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ