Филипче: Нема нови случаи, чекаме резултати за пациентка која се пријави утрово

СПОДЕЛЕТЕ

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека засега нема нов случај на заразен со корона вирус во Македонија. Тој потврди дека тестовите на возачот на комбето со кој од Италија до Македонија патуваше заразената жена, како и виничанецот што побегна од штипската болница – се негативни. Коронавирус нема ни хрватската државјанка која била со виничанецот.

Пациентката, пак, која се јавила утрово на Инфективна со симптоми на респираторна инфекција е изолирана. „Таа патувала во критичниот регион во северна Италија. Во земјава се вратила на 26 февруари“, рече Филипче, кој нагласи дека се чекаат резултатите од нејзиното тестирање.

Тој додаде дека правата пациентка со коронавирусот во земјава е во добра општа состојба и нема температура.

„Утрово разговарав со конзулот во Италија, таму нема заразени наши државјавни. Конзулот вели дека е потребно сите да го контактираат него, за тој нам да ни ги најави сите кои доаѓаат од Италија. Меѓутоа доаѓаат многу луѓе, кое не се најававуваат“, рече Филипче.

За карантинот, министерот, рече дека нема потреба да се паничи, коментирајќи го вчерашниот инцидент на пациентите кои избегаа од болницата во Штип.

„Не е страшно, не треба да се панични доколку се поседи во изолација. Патниците кои се во изолација се патниците од комбето и тие се во добра општа состојба. Доколку немаат симптоми луѓето седат во изолација, а доколку се јават некои симптоми, значи тогаш се пристапува со соодветна терапија“, рече Филипче.

Извор НОВА ТВ

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ