Мерки за аптеките ако се утврди дека неосновано ги поскапеле заштитните средства за коронавирусот

СПОДЕЛЕТЕ

Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства вршат контрола за да утврдат дали има неосновано покачување на цените и злоупотреба на залихите на заштитните средства за спречување на пренесување на вирусот во аптеките. Ако се утврди неосновано покачување на цените ќе бидат преземени мерки според законските прописи и овластувања, соопшти Владата.

Владата ја поздрави одлуката на институциите и организациите на централно и на локално ниво кои одлучија да ја прифатат препораката да се откажат сите јавни собири до 6 март.

„Сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје, ги постигнаа очекуваните резултати за превенцијата и контролата за да се спречи ширењето на корона вирусот“, соопшти Владата.

Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за спречување на пренесувањето на вирусот во аптеките, и доколку се утврди неосновано покачување на цените ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата на Северна Македонија,се додава, ги уверува граѓаните и јавноста дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје, ги постигнаа очекуваните резултати, и дека превенцијата и контролата за да се спречи ширењето на корона вирусот, се остваруваат целосно.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ