Филипче: Уште една жена покажа мали знаци на корона вирус, но верувам дека тестот ќе биде негативен

СПОДЕЛЕТЕ

Втор сомнителен случај на вирусот корона се испитува во Скопје, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска на клиниките дошле уште двајца луѓе за испитување – едниот е возач на камион кој поминал низ Северна Италија, кој бил негативен на корона, а друга е патничка која била во Рим.

-„Пациентката нема знаци за компликации. Кај сите кои биле во комбето и луѓето со кои биле во контакт е препишана изолација. Доброто е тоа што сите тие немале контакт со голема маса луѓе. Ќе видиме дали ќе продолжи домашната изолација. Другото лице што дојде за тестирање покажува мали знаци на корона вирус, но верувам дека тестот ќе биде негативен,“ рече Филипче.

Тој објасни дека оваа пациентка била со својот сопруг на прошетка во Рим.

-„Кај неа една третина од тестот е позитивен, што може да биде присуство на некој друг вирус, и во моментов се прават дополнителни испитувања. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се прави дополнително тетсирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа. Подетални информации ќе добиете подоцна на прес-конференција,“ најави министерот Филипче.

Деветмината патници кои се возеле во комбето со 50-годишната Македонка заразена со коронавирус немале контакти со големи маси на луѓе, освен со семејствата и тоа во куќите во кои живеат и во своите дворови и остануваат во соодветна домашна изолација, рече министерот за здравство Венко Филипче.

-„Исконтактирани се сите патници од комбето и кај сите е препишана соодветна домашна изолација во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР). Направен е контакт со сите контакти кои ги имале патниците, телефонски се исконтактирани сите и им е укажано дека треба да почекаат денеска да бидат контактирани, како од екипите на епидемиолозите така и од припадниците на МВР. Кај дел ова интервју е веќе завршено. Во 13 часот имаме состанок со Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи, каде заедно со МВР ќе се договориме дали согласно условите за продолжување на изолацијата, а по укажување стручно на МВР ќе продолжи домашната изолација или овие лица ќе бидат преместени во претходно утврдените центри на инфективните одделенија во Велес, Гостивар и Штип“, кажа Филипче.

Извор СДК

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ