Чулев остро демантира: Не сум ја попречувал акцијата во Крушопек!

СПОДЕЛЕТЕ

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев преку стаус на својот Фесјбук профил информира дека информациите за наводно негово попречување на истрагата  во село Крушопек се целосно неточни. Тој ги ги демантира  информациите на дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска која изјави дека Чулев ја попречил меѓународната операција.

„Во однос на лажните обвинувања и спинувања за наводно мое попречување на истрагата ја информирам јавноста дека истите се целосно неточни.

Имено, во координација со италијанските партнери и надлежен македонски јавен обвинител на мојата прес конференција, и покрај инсистирањето на медиумите, информациите кои јас ги објавив, беа строго селектирани, целосни и точни. Ниту еднаш во моето обраќање на споменав количина, контролиран транспорт и имиња на конкретни држави.

Веројатно, изнервирани од фактот дека медиумскиот ексклузивитет го граделе врз основа на неточни и непроверени информации, моите политички противници се обидоа тој гаф да го сокријат со евентуални забелешки дека со мојот прес сум ја попречил истрагата. Притоа, со оглед дека меѓународната операција е комплетирана, потврдувам дека 1.129 кг кoкaин од Колумбија беа наменети со крајна дестинација во нашата држава, а дека 1 кг кој беше фатен кај нас беше дел од контролиран транспорт.

Активностите на МВР во координација со ОЈО продолжуваат и понатаму во насока на идентификување и на други правни субјекти и физички лица инволвирани во наведените кpиминaлни активности.

Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до нашите италијански партнери, но и до партнерите од Регионот и припадниците на МВР, ОЈО и Царина без кои немаше да се реализира оваа значајна акција против кoкaинcкaтa мaфиja.“

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ