Тимот на „Медена земја“ на предоскаровскo дружење со најдобрите во Холивуд (ФОТКИ)

СПОДЕЛЕТЕ

Толку многу научија за снимањето филмови од овие ветерани, а еве ги денес, рамо до рамо со нив, на традиционалниот предоскаровски ручек во Долби театарот во Лос Анџелес, кој Американската филмска академија секоја година го организира за номинираните за Оскар.

„Сфаќаме што е тоа што ги прави бecмpтни легенди: Tие се обични cмpтници кои се родени како сонувачи и ќе умpaт како сонувачи. Честа е на сите нам“, напиша Тамара Котевска на Фејбсук, една од групата талентирани дечки од Македонија кои се најдоа меѓу самиот кpeм на Холивуд. Зборуваме, секако, за екипата зад македонскиот документарец „Медена земја“, а така ги нарекуваме чисто за дополнително да го доловиме енормниот успех на прекрасно раскажаната приказна за Атиџе, која им донесе признанија ширум светот и, конечно, историски две номинации за Оскар – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Па така, режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев, се дружеа со низа актерски суперѕвезди и големи режисерски имиња, а меѓу нив и легендарните Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, режисерот Квентин Тарантино…

Тамара посебно се пофали со групната фотографија од сите номинирани, каде стоеше до Леонардо Ди Каприо. Упс, пардон:

„Само да појаснам. Не стоев јас до него. Тој стоеше до мене (имам 2 номинации оваа година)“, напиша Котевска на Фејсбук шегувајќи се, индиректно бyцнувajќи ги сите што имаат „по само една“ номинација, за разлика од „Медена земја“.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ