Администраторот и телефонските броеви на членовите на „Јавна соба” познати на полицијата

СПОДЕЛЕТЕ

Станува збор за околу 7.400 телефонски броеви на членови на „Јавна соба”. Истрагата што ја води Бирото за јавна безбедност продолжува, но повеќе детали засега не се откриваат.

Претходно, МВР соопшти дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот со затворената група на „Телеграм” која споделувала фотографии и видео од девојчиња со експлицитна содржина.

-„Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски кpиминaл и форензика веднаш контактира со мрежата „Телеграм”, со цел добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно го известивме за содржинте што се објавени,“ информира за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој додаде дека е известено и Јавното обвинителство и дека се преземаат мерки за расчистување, а воедно апелира до граѓаните да пријават во полицијата злоупотреба на фотографии не само за овој, туку и за кој било друг случај.

Повеќе на МКД

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ