Термални камери и лекарски тимови за патниците што ќе слетаат од Истанбул и Дубаи за превенција од корона вирусот

СПОДЕЛЕТЕ

Сите патници кои ќе слетаат на скопскиот аеродром од Дубаи и Истанбул од утре ќе бидат скенирани со термална камера. Оваа превентивна мерка ја донесе Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на Корона вирусот во земјава. На аеродромот ќе има и лекарски екипи кои посебно внимание ќе посветат на луѓето кои патувале во Кина каде е жариштето на овој вирус.

-„Со оглед на тоа што е сезона на грип се очекува и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување. За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионотна Кина, од регионот на Вухан, а кај кои може да се јават симпотми, од утре ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понатаму насочени каде да се јават во нашиот здравствен систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус доколку постои да не се прошири. Сите други пацинети кои имаат симпотми на грип ќе го пратат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника,“ изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Здравствени власти смируваат дека нема простор за паника кај нас, но корона вирусот стави под карантин над 55 милиони луѓе во Кина. Досега има 50-тина смртни случаи, а над 2000 се заразени. Освен во Азија, вирусот се прошири и во Европа, САД и Австралија. Иако не е потврдено претпоставките се дека се пренесува по респираторен пат, а симптомите се слични како кај грипот.

Извор Сител

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ