Кокев: Атиџе ќе ја испратиме скромна на Оскарите

Модната креаторка Тања Кокев на својот профил на Фејсбук не штедеше зборови за главната ѕвезда во филмот „Медена земја“, Атиџе и порача дека на свеченоста „Оскар“ ќе ја испратат скромна.

„Ви благодариме на сите за поддршката и убавите зборови за соработката со тимот на Honeyland, посебно со Атиџе. Многу често во вашите пораки споменавте дека едвај чекате да ја видите нејзината трансформација.
Атиџе е жена прекрасница, една во милион. Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа. Ние не сме тие кои треба на таа скромност да и кажуваме како да прошета на Оскарите. Таа си ја знаеше бојата уште пред да и го отвориме каталогот. Секако дека ќе го испочитуваме дрес кодот на домаќините, Оскарите и ќе ја стокмиме во свечено руво, но нема да ја трансформираме бидејќи не гледаме потреба за такво нешто. Ќе ја испратиме на Оскари скромна, убава, дотерана онака како таа ќе се чуствува најпријатно. Само во една средба таа ми кажа 10 мудрости, јас тука не можам и не сакам ниту да додадам ниту да одземам нешто“, напиша Кокев на својот профил на Фејсбук.

- Реклама -