Ангелов: Тврдам со мојата глава и чест дека Дрисла нема увезено ниту килограм опасен отпад

СПОДЕЛЕТЕ

Разрешениот директор на Дрисла, Горан Ангелов во вечерашното телефонско вклучување на во дебатата на ТВ 24 уверуваше дека депонијата не увезувала опасен отпад.

-„Во Бугарија се увезуваат стотици илјади тони отпад за соговорување. Има многу термоцентрали кои работат со тоа. Се направи таква една фама, а јас сум таму 15 отсто сопственик, веројатно затоа што бев директор на депонијата во Македонија.
Тврдам со мојата глава, со мојата чест, се што имам, Дрисла нема увезено ниту еден килограм отпад. Треба да се фокусираме на идинатата, треба да се направи фабриката за селекција,“ вели Ангелов.

Според него Дрисла е зрела депонија и она што од договорот не го исполниле италијанските партнери треба да го продолжи градот Скопје. Ангелов додава дека не се плаши од ревизија на работата на досегашното управување, но вели дека има работи кои и покрај договорот не ги направиле.

Извор Фокус.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ