Ќе има ли лидерска средба? Спасовски ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на одговорно однесување

Нема лидерска средба се додека работните групи не ги доближат ставовите за Законот за јавно обвинителство. Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски вели дека нема да нема намера да присуствуа на средба која нема да има никаков ефект врз претходното усогласување.

Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев пак следната недела ќе биде идеален термин за одржување на средба со Мицкоски, за овој собраниски состав да има време да го донесе законот за јавно овбинителство во текот на февруари.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги повика на одговорност и владејачката и опозицискиата партија, бидејќи вели дека ова законско решение е важно за европската идинана на земјава.

– „Ќе направиме сè во наредниот период да работиме сите заедно и сметам дека секој од политичките субјекти треба да биде на висина на задачата. Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија,“ истакна Спасовски.

Повеќе на СИТЕЛ.

- Реклама -