Васе го фати крстот во Делчево и го донираше освоениот телевизор

СПОДЕЛЕТЕ

Дека хуманоста е одраз на големите луѓе денеска се докажа уште еднаш со хуманиот гест наВасе Панчовски, кој денеска на Водици го фати светиот крст во Делчево, заедно со неговата група одлучија освоениот телевизор да го подарат на семејство од Делчево.

-„Како учесник во годинешните Водици, заедно мојата група одлучивме наградата телевизор која како среќен фаќач на крстот ја доделува Зегин да ја подариме на некој на кој навистина му треба. Во консултација со мои другари решивме да го доделиме на ова семејство. Во чест на празникот доделивме и икона Богојавление. Нека им е честит празникот на сите граѓани,“ истакна Панчовски.

Панчовски вторпат го фаќа чесниот Крст во Делчево.

Повеќе на Слободен Печат

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ