Заев: Ако треба да седнам со Мицкоски за Законот за Јавно обвинителство, ќе седнам!

Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев нема ништо против да се сретне со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а во врска со Законот за Јавно обвинителство, кој треба да биде донесен со дво-третинско мнозинство.

– „Се работи за системско решение кое се носи со двотретинско мнозинство и треба сите да понесеме одговорност и да преземеме чекори за да го донесеме овој закон. Ако не пред изборите, ќе треба да го донесеме по изборите. Како и да одат состојбите на изборите, треба да го донесеме. Тоа е наша заедничка обврска бидејќи е двотретински закон. Тоа може да го направиме сега додека работи Парламентот за да им дадеме аргумент плус на еврокомесарот и на земјите членки на ЕУ и да може да осигураме одлуката на Европскиот совет конечно да биде позитивна, иако тоа не е услов, не е дел од извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент повеќе,“ изјави Заев по денешниот хуманитарен базар во организација на СДСМ.

Повеќе на Слободен Печат.

- Реклама -