Серава обоена во црвено, кој и што истурил во скопската река?!

СПОДЕЛЕТЕ

Граѓаните од скопската населба Злокуќани утрово забележале дека реката Серава која што тече низ оваа населба била обоена со црвена боја од која се ширела силна миризба. Случајот бил пријавен во дежурната екипа на Државниот инспекторат за животна средина, во координација со овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопштија дека подетални информации по однос на инцидентот ќе споделат по доставениот Извештај за вонредниот инспекциски надзор од дежурните екипи.

-„Ги охрабруваме граѓаните да продолжат да пријавуваат дејствија кои го нарушуваат здравјето и животната средина, затоа што целта ни е заедничка,“ стои во соопштението.

Повеќе на СИТЕЛ.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ