Познато чиви се опожарените автомобили пред ТЦЦ Плаза

СПОДЕЛЕТЕ

Пејачката Сузана Турунџиева во телефонска изјава за ТВ 24 потврди дека рано утринава нејзиниот автомобил бил сериозно оштетен откако го зафатил пожар.

Освен нејзиниот, пожар го зафатил и автомобилот на нејзината колешка, пејачката Ребека Јанковска – Ристески, додаде Турунџиева. Возилата на двете пеачки биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза.

Се уште нема информација како дошло до пожарот, дали е подметнат и од кого, како и кои се мотивите. Турунџиева нагласува дека таа нема долгови кон никого.

Надлежните велат дека нема повредени во пожарот кој избувнал околу 3 часот изутрина, а којшто пожарникарите го гаснеле еден час. Возилата на двете пеачки биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза во Скопје.

Повредени, за среќа, нема, а се очекува увидот да ги утврди причините за избувнување на пожарот.

Плусинфо

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ