Може ли ДУИ да извиси …

Кокетирањето со СИТЕ на политичката сцена ја претвораат во несигурен играч на кого не можат да му веруваат идните, потенцијални партнери

ДУИ е партија што е најмногу на власт во Македонија. Според тоа или е најзаслужна, ако Македонија ја сметаме за успешна држава, или е највиновна за сите неуспеси, промашувања, и кризи низ кои поминува во изминативе две децении. Сите други се менуваа, се трансформираа, се делеа и обединуваа, доаѓаа и си одеа од власта, само ДУИ стана неизбежна македонска владеачка константа. Секој кој сакаше да формира Влада, мораше да помине низ ситото на услови кои ќе ги испорачаше ДУИ.

ДУИ на некој начин стана наша политичка судбина.

Можеби само заради овој факт на скоро 18 годишно владеење е доволно еднаш да си земат некое време неплатен одмор, да оди во опозиција, колку партијата да се проветри од внатре, а и од надвор. Под внатре се подразбира проверка на верноста на партиското членство кое можеби својот партиски патриотизам солидно си го продавал заради бенефитот што го носат позициите на власта. Однадвор пак можеби е време да си ја ревидираат идеолошката матрица со која ќе ја засилат или вратат довербата на гласачите.

Продолжете на Слободен Печат

- Реклама -