Дескоска брзо му одговори на Груевски

По Фејсбук статусот на Груевски, нов став побаравме и од Министерката за правда, Рената Дескоска. Таа за ТВ21 вели дека во текот на дебатата не искажала ништо ново што претходно не можело да се прочита во печатените и електронските медиуми.

„Вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде…“, вели Рената Дескоска за ТВ21.

Вечерва екс-премиерот, сега азилант Никола Груевски на Фејсбук побара од Дескоска да ги открие фирмите и веднаш доколку има такви да започне конфискација.

По емисијата „Click Plus“ на ТВ21 во која министерката за правда рече дека фамилијата на Груевски презема фирми и стануваат сопственици вечерва преку Фејзбук реагираше и екс-премиерот, а сега азилант Никола Груевски.

- Реклама -