Заев: Нема да дозволам на моите деца и на семејството ни влакно да им фали од главите

СПОДЕЛЕТЕ

Сериозни процеси се одвиваат во правосудството, јас како претседател на владата нема да си дозволам да коментирам било какви детали за еден многу сериозен случај. Будното око на нашата јавносте сериозно насочено во случајот и очекува разрешница. Самиот судски процес треба да заврши со разрешница, да ги утврди сите вистини и да ја испорача казната за сите што се огрешиле од законот, рече премиерот Зоран Заев за најновите снимки кои излегоа на каналот Јутјуб и за заканите кои викендов му ги упати граѓанин преку порака на Фејсбук.

– Моите деца и моето семејство ми се светост како што се светост за сите граѓани децата и семејството и нема да дозволам влакно да им фали од главата, како што нема да дозволам да му фали влакно од главата на секој додека јас управувам. Лично не верувам во организација на такви закани, веројатно такви закани може да се случат под дејство на алкохол, на незнам какви мотивации. Ги слушнав заканите, немав време да размислувам за заканите, но гледам мојата мајка, сопругата, децата размислуваат за нив и еве денеска можам поотворено да зборувам. Секако не верувам дека нешто ќе се реализира. Мерките на претпазливост се преземени, должен сум како родител и претседател на владата да ги преземам, на крајот на денот за мене е многу важна вистината, вистината излегува вака или онака. Најголемата встината излегува преку судскиот процес, да се знае точно што се случило. Ова е еден од случаите каде јасно се нотира решителноста на извршната власт да се врати правната држава – рече Заев.

Тој порача дека тоа е сериозна порака и до Европската унија дека работит во Македонија се променети без разлика дали некој е обвинител, газда на медиум или бизнисмен.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ