Богаташката сопруга со Мона Лиза став и расипаниот часовник

Ана Камчева е адвокатка што јавноста многу не ја знае од судници и од судски постапки, туку повеќе како сопруга на бизнисменот Орце Камчев. Чекајќи ја вчера пред Основниот кривичен суд во Скопје дел од претставниците на медиумите се прашуваа дали ќе ја препознаат и како сега изгледа таа. Во јавноста нема многу фотографии од неа ниту во својство на сопруга на бизнисменот.

А може да биде и сопругата на богаташот од Форбс, на осомничениот во „Империја“, на клучниот сведок во „Рекет“…

Пристигнувањето на црното БМВ со темни стакла пред судот ги раздвижи снимателите и фоторепортерите очекувајќи дека можеби токму од овој автомобил ќе излезе очекуваниот сведок, но еуфоријата набрзо спласна.

Од автомобилот излезе маж, кој одминувајќи ги новинарските екипи влезе во судот.

За неколку минути ете ја и неа, Камчева со џип порше. Излезе облечена во црно-бела комбинација, која ја покриваше бел капут. И очите ѝ беа покриени со црни очила.

Целата статија ТУКА

- Реклама -