„Македонски народни приказни“ – 35 години допир со историјата, културата и традицијата на нашиот народ

СПОДЕЛЕТЕ

Старата сезона на ,,Македонски народни приказни”, започната во 1984 година брои околу 300 епизоди и секоја од нив носи своја порака.

Маестралната актерска екипа ја сочинуваат 20 актери кои преку улогите на селанец, чорбаџија, арамија, ѓавол, кадија, цар, еким, светец, Бог и многу други, силно продреа во нашите срца и засекогаш оставија траг.

Најпрепознатливата четворка ја сочинуваат единствените: Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски.

Благодарение на овие македонски легенди многу млади генерации го доживеаа вистинскиот допир со историјата, културата и традицијата на својот народ.

Ѓорѓи Колозов

Ѓорѓи Колозов се појавува во речиси секоја од епизодите на „Македонски народни приказни”. Роден е на 26 февруари 1948 година во Богданци и нè напушта прерано, на свои 55 години.

Неговата смрт предизвика огромна тага низ целата македонска популација.

Дипломирал на Академијата за драмска уметност и оттогаш па сè до својата смрт, беше во нераскинлив работен однос во Македонскиот народен театар.

На драмската сцена му беа доделени многу улоги, а исто така глумеше и во повеќе играни филмови меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање“, „Во светот на бајките“ и многу други.

Ѓорѓи Колозов засекогаш ќе остане запаметен по неговите извонредни толкувања на разните типизирани ликови од македонското народно творештво.

Шенка Колозова

Шенка Колозова, инаку сопруга на Ѓорѓи Колозов е родена на 1 февруари 1947 година во Добрево, Пробиштипско.

Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност и заслужено ја носи титулата за една од најпознатите актерки на македонското тло.

Нејзината кариера располага со повеќе од 6.000 претстави од кои ќе ги издвоиме: „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“.

Во едно од нејзините интервјуа Шенка изјавува дека создавањето на Македонските народни приказни всушност се случило сосема спонтано и најголем виновник за тоа бил нејзиниот сопруг Ѓорѓи.

Поради огромната заинтересираност за приказните и очигледната љубов којашто ја чувствувале кон актерството, почетоците сите ги работеле за минимални хонорари.

Инаку, Шенка Колозова ја среќаваме и во новите сезони на народните приказни не само како актерка, туку и како автор.

Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 година во Кичево.

Завршил на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и веднаш ја започнал својата блескава кариера во Драмскиот театар, каде што веднаш бил истакнат како еден од најдобрите и најнадарените комичари.

Учествувал во речиси сите хумористично-сатирични емисии, драми, серии и бил добитник на повеќе награди.

Освен по народните приказни, Гоце е познат и по македонската детска програма „Бушава азбука“ којашто зазема голема популарност во деведесеттите години.

Со одигрувањето на претставата „Како да се ограби банка“, Гоце Тодоровски замина во пензија и зад себе остави богатство од повеќе од 600 македонски народни приказна.

Целата статија тука.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ