Хуманоста на градоначалникот Митко Јанчев повторно на дело: Својата плата ќе ја донира на 10 студенти

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев повторно ја покажа својат хуманост на дело тој за 10 студенти од социјално ранливи категории ќе ја донира својата плата. По тој повод тој  се огласи на Фејсбук со статус во кој вели:

-„Фондација “Никола Јанчев” објавува конкурс за доделување на 10 стипендии за талентирани студенти.
Предност имаат студенти од социјално ранливи категории.
Рокот за поднесување на документите е од денот на објавување на конкрусот до 16.12.2019 година. Пријавата може да се подигне од Веб страната на Фондација Никола Јанчев www.fnj.org.mk.
Најголем процент од финансиите во оваа фондација се добиваат од платата на Градоначалникот Митко Јанчев кој несебично секој месец ја донира својата плата.“

- Реклама -