Обвинителството поднесе обвинение против управниот судија Мустафа Шахини

СПОДЕЛЕТЕ

Против судијата од Управниот суд, Мустафа Шахини кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетил буџетот за околу 200 илјади евра. Обвинителството поднесе обвинение.

Судскиот совет му го одзеде судечкиот имунитет, за непречено да се води постапката за денационализација за кој е осомничен. Судијата Шахини се товари дека додека бил претседател на судечки совет кој решавал за денационализација на земјиште на крајбрежјето на Охридското езеро во Струга, а претходно за истиот предмет бил адвокат на тужителите.

„Од 10.09.2018 до 24.01.2019 година, обвинетиот, како службено лице судија, постапувајќи спротивно на законските одредби го земал преметот да го работи, иако знаел дека како поранешен адвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата. Но, тој не ја прекинал работата врз предметот и не го известил Претседателот на Управниот суд за конфликтот на интереси. Притоа, иако поднесената тужба била неуредна, обвинетиот не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту пак ја отфрлил тужбата, туку продолжил да постапува по неа. Преземајќи дејствија во предметот оневозможил Државното правобранителство на Р.С.М., како заинтересирано лице, да се вклучи во управниот спор и да преземе мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на државата“, стои во обвинението.

Спорниот имот од моментот на започнување на истражната постапка е обезбеден со Решение на Основниот суд во Струга со кое е изречена привремена мерка – забрана за отуѓување.

Повеќе на СДК.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ