Жителка на Волково со неочекувани прашања до Заев

СПОДЕЛЕТЕ

Повозразни припаднички на понежниот пол како локални жители вербално го нападнаа премиерот Зоран Заев и не дозволија брзо да започне сесијата на новинарски прашања на брифингот по повод увидот на градежните работи за изведба на спортската сала при ООУ ,,Јоаким Крчовски’’ во село Волково.

Жените се втурнаа со прашања за тоа кога ќе биде готова канализацијата за која дале пари за нејзина изградба пред три години и кога ќе бидат асфалтирани калливите улици во оваа периферна населба.

Заедно со Заев беа и заменик министерката за образование Елизабета Наумовска и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Премиерот соочи со тешки обвинувања од жителите. Тие го обвинија премиерот дека само ветувал и дека досега не е постигнато ништо. Жителите се пожалија на распаѓање на инфраструктурата и недостаток на водоснабдување.

Видеото ТУКА

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ