Апелација не ја прифати жалбата, Боки 13 останува во притвор

СПОДЕЛЕТЕ

Апелациониот суд Скопје денеска ја одби жалбата на Бојан Јовановски-Боки 13 да излезе од притвор од затворот во Шуто Оризари, каде што се наоѓа како обвинет за случајот „Рекет“.

Жалбата која што Бојан Јовановски- Боки 13 ја поднесе преку неговиот адвокат Сашко Дуковски е одбиена. Во жалбата беше побарано укинување на мерката притвор во замена на иста со  домашен притвор. Апелациските судии ја одбиле жалбата како неоснована, а Боки 13 нема право на жалба против нивното решение, соопштија попладнево од судот. Со тоа Бојан Јовановски останува во затворот во Шуто Оризари.

Од Апелациониот суд информираат дека образложението на причините за ваквата одлука дополнително ќе бидат објавени.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ